Советник на Нетанјаху вели дека Израел прави „максимални напори“ за да избегне цивилни жртви
Марк Регев, еден од високите советници на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, за Би-Би-Си изјави дека Израел прави „максимални напори“ да избегне цивилни жртви, по предупредувањата од сојузниците и САД за бројот на убиени Палестинци.
Регев истакна дека цивилите не се цели, а нивната заштита е отежната од Хамас кој ја „вградува својата воена терористичка машина … меѓу цивилните населби“.
Тој рече дека израелските одбранбени сили се обидуваат да бидат „колку што можат хируршки прецизни во многу тешка борбена ситуација“ и предупредуваат за напади. Повеќе од 6. 000 деца се меѓу 15.000 луѓе кои досега се убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа, според Министерството за здравство на Хамас.
Според него, на крајот на војната, во споредба со Велика Британија и другите западни сили кои се борат против ИСИС во Ирак и Сирија, „сите ќе видат дека Израел успеал да го одржи нивото на цивилни жртви многу, многу ниско“.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот