Министерот Николовски ги додели договорите за поддршка на планските региони

Министерот за земјоделство, шуамрство и водостопанство, Љупчо Николовски денска на претставниците од планските региони ги додели договорите за поддршка од програмата за капитални субвенции за развој на планските региони за 2023 година.
Вкупно 6,1 милиони денари поддршка, се обезбедува за реализација на капитални проекти во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Североисточниот плански регион, преку програмата за капитални субвенции за развој на планските региони за 2023 година. Оваа програма има за цел имплементација на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.
Согласно програмата, министерството распиша јавен повик, на кои можеа да аплицираат сите плански региони, кои се и директни корисници на оваа програма. Максималниот износ на поддршката по корисник е 4.265.000 денари од вредноста на прифатливите трошоци на проектот. Како прифатливи трошоци се земаат трошоците за изведба и надзор за проекти, кои ќе имаат за цел подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини.
Во Југоисточниот плански регион со 2.725.092 денари се дава поддршка на проектите:
- санација на полски пат во општина Василево, во должина од 1100 метри
- реконструкција и санација на полски пат во општина Богданци, во должина од 730 метри
- реконструкција и санација на полски пат во општина Босилово, во должина од 1000 метри
- реконструкција и санација на полски пат во општина Струмица
Во Вардарскиот плански регион со 1.612.594 денари се дава поддршка на проектите:
- уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Росоман, во должина од 500 метри
- реконструкција на пристапен пат до земјоделско земјиште во општина Неготино во должина од 600 метри
Во Пелагонискиот плански регион со 1.217.836 денари се дава поддршка на проектите:
- реконструкција на полски пат во општина Могила, месност Долни Лозја во должина од 1018 метри
- реконструкција на полски пат во општина Кривогаштани, Босја Бара во должина од 1300 метри.
Во Североисточниот плански регион со 632.244 денари се дава поддршка на проектот:
- реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Старо Нагоричане, во должина од 950 метри.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Ново на Сител
-

Во Минесота рочиште за тужбата со која се бара прекин на зголеменото присуство на ICE
-

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда
-

МВР: Глобите за сообраќајни прекршоци во рамките на „Безбеден град“ од 15 до 500 евра
-

Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино
-

Трамп: Бајден дозволи во САД да влезат десетина милиони илегални криминалци
-

Македонските превозници го блокираа „Ќафасан“ за товарни возила, патничкиот сообраќај се одвива непречено
-

Кремљ: Преговорите за Украина сè уште се во рана фаза
-

Двајца малолетници од Радовиш запалиле паркиран автобус
