Анкета: Мнозинството Грци песимисти за 2024 година

Песимизам изразуваат 56 отсто од анкетираните Грци во однос на тоа дали 2024 година ќе биде подобра од претходната, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Алко“ за телевизијата „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.
Од економски аспект, шест од десет испитаници сметаат дека оваа година ќе биде „полоша“ или „еднакво лоша“ како и 2023 година за финансиската состојба во нивното семејство, а за 42 отсто најголем страв им предизвикува неможноста да врзат крај со крај.
За намерата на Владата да достави закон за истополовите бракови, поделено е мислењето на граѓаните, иако преовладува негативниот став, односно 49 отсто не се согласуваат, а 35 проценти изразуваат поддршка.
Во однос на распоредот на политичките сили во земјата и за тоа анкетираните за кого би гласале на европските избори што ќе се одржат во јуни, Нова демократија добива 30,3 отсто, ПАСОК е на втората позиција со 12,2 проценти, СИРИЗА е трета со 11,8 отсто, а потоа следат Комунистичката партија и Грчко решение.
Истражувањето на јавното мислење на „Алко“ за телевизијата „Алфа“, што е прво за оваа година во Грција, било спроведено од 2 до 5 јануари со анкетирани 1. 002 лица.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
