Приведен криумчар на мигранти, пронајдени седум мигранти

На 23.01.2024 околу 20.00 часот во близина на с.Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ го лишиле од слобода М.К.(21) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ по член 418 од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Претходно, кај с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „фолксваген пасат“ кое M.K. го управувал, но тој продолжил со движење и во близина на Негорци го запрел возилото и се обидел да побегне, по што бил фатен и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Сирија, еден од Непал, еден од Египет и еден од Палестина.
Лицето било задржано во полициска станица, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Нови ограничувања за казината: Забрана за реклами, да се оддалечат на пола километар од секое училиште
-

Познат идентитетот на двајцата загинати и тешко повредениот во сообраќајката на експресниот пат Прилеп - Градско
-

Трамп: САД се обидоа да испорачаат оружје за иранскиот народ, но Курдите нè изневерија и го задржаа за себе
-

Од утре граѓаните ќе можат да го користат правото за обука за управување на мотоцикл до 125cm³ во автошколи кои имаат лиценци за „А1“ категорија
-

Повторно активен пожарот кај Штип, зафатени викендици, повредено едно лице
-

Судење за „Пулс“: Обвинителството презентираше докази за агенцијата „Рубикон“, одбраната тврди дека тие ја докажуваат законитоста на фирмата
-

Трамп: САД повторно ќе го нападнат Иран, ќе го заземат островот Харг
-

Четиринаесет-месечно дете од Куманово затруено со средство за чистење
