-->
-->
Во германската протестантска црква 9.355 малолетници биле сексуално злоставувани
-->

Во германската протестантска црква можеби биле сексуално злоупотребувани 9.355 малолетници, според експертската проценка објавена денеска.
Според тој извештај, може да се избројат 2.225 случаи на сексуална злоупотреба, во кои учествувале 1.259 лица – виновници.
Според Харалд Дресинг, истражувач од Централниот институт за ментално здравје во Манхајм, бројот на потенцијални сторители би можел да биде до 3.500.
Извештајот на повеќе од 800 страници, нарачан од Германската протестантска црква, го составија експерти од неколку германски универзитети и институти.
Дресинг рече дека протестантската црква веројатно евидентира повеќе случаи на сексуална злоупотреба отколку Католичката црква.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
-

Пронајдена дрога при претрес во Гостивар
-

НБА: Прва титула за Њујорк по пауза од 53 години
-

ИДФ повикаа на евакуација на 29 села и градови во јужен Либан, пред нападите врз Хезболах
