Постапка против шест деветтоодделенци во врска со настанот со злоупотребување фотографии на соученички

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против шест деца во врска со настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци.
- Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против шест деца во судир со законот за кои постои сомнение дека сториле продолжено кривично дело кое е санкционирано како – Злоупотреба на лични податоци од член 149 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија денеска од Обвинителството.
Како што се наведува, малолетниците, сите ученици во деветто одделение во основно училиште, како соизвршители, неовластено преземале приватни фотографии од нивни соученички, ги монтирале и меѓусебно ги споделувале со врсници, со цел да ги навредат и исмеваат и да нанесат штета на угледот на оштетените.
На 29 јануари годинава, Обвинителството доби вештачење за настанот со злоупотребени фотографии на малолетни девојчиња од страна на деветтоодделенци во Кавадарци. Вештачењето било во врска со монтажите.
ОЈО Кавадарци на 25 октомври, минатата година оформи предмет за настанот. Тогаш, полицијата во Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци достави известување против непознати лица.
МИА на 13 октомври информираше дека шест малолетници од основно училиште се пријавени во кавадаречката полиција дека злоупотребиле фотографии од малолетни девојчиња. Во ОВР Кавадарци, заедно со нивните родители, како што соопштија од полицијата, беа повикани шест малолетници од Кавадарци и со нив бил извршен службен разговор во врска со претходна пријава од родители дека биле злоупотребени лични податоци, односно фотографии од нивните малолетни ќерки. Според пријавеното, фотографии биле преземени од социјални мрежи и на нив биле измонтирани фотографии со недолична содржина. Настанот се случил надвор од училиштето.
Ново на Сител
-

Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линија Драчево - Илинден
-

Руте: Новите американски напади врз Иран беа апсолутно неопходни
-

Почна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски учесник на значајни активности и состаноци
-

Кос во Скопје: Нема гаранции за Македонија, како и за секоја друга земја-кандидат за ЕУ
-

САД извршија нови воздушни напади врз Иран, Техеран возврати со напади врз Кувајт и Бахреин
-

Десет лица повредени во последниот ракетен напад врз Одеса, руското ПВО соборила 415 украински дронови
-

Голем шумски пожар кај Порто Палермо во јужна Албанија
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локално со пороен дожд и грмежи, температурата до 36 степени
