Уставниот суд одлучи: Вработените во МФ нема да добиваат 30 отсто повисоки плати

Уставниот суд донел конечна одлука за платите на вработените во Министерството за финансии (МФ). Како што соопшти денеска претседателката на Судот, Добрила Кацарска, се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле.
Според Кацарска, Уставниот суд оформил предмет и по иницијативата поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата за оспорување на балансерот за вработувањата по националност.
- Донесена е конечна одлука со која е укината оспорената одредба од законот. Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, што значи, во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување на плата, како што гласеше во Законот, и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле, истакна Кацарска, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на поштенска марка по повод 60 години Уставен суд на Република Северна Македонија.
Во врска со балансерот, Кацарска информира дека иницијативата од ДКСК е поднесена пред десетина дена.
-Се работи за нов предмет. Точно е дека ДКСК има доставено таква иницијатива до Судот. Формиран е предмет и даден е на тим за работа, но, тој предмет е стигнат пред можеби десетина дена и земен е во работа, подвлече Кацарска.
Ново на Сител
-

Сиљановска - Давкова: Да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество и одново да ги научиме доблестите на св. Климент што ја одржуваат заедницата
-

Макрон се закани со нови царини доколку Кина не ја промени трговската политика
-

Пронајден починат маж пред Поликлиника Ченто
-

Уште една измама со лажна сообраќајка, 82-годишна скопјанка измамена за 170.000 денари
-

Келог: Мировниот договор за Украина е навистина блиску
-

Две жени и рекле дека и е фрлена магија, за да ја тргнат барале пари и накит, измамена жена од кочанско
-

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија
-

Се враќа оригиналниот изглед на Железничката станица, отстранет првиот билборд
