Ким Џонг-ун доби подарок автомобил „за лична употреба“ од Путин

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун доби автомобил „за лична употреба“ како подарок од рускиот претседател Владимир Путин. Руското возило им било доставено на помошниците на Ким на 18 февруари, објавија севернокорејските медиуми.
Сестрата на Ким „љубезно ѝ укажа на руската страна дека Ким Јонг-ун му се заблагодарува на Путин“, истакнувајќи дека подарокот јасно покажува дека има „посебни лични односи меѓу двајцата лидери“, се наведува во соопштението.
Овие две земји се зближиле, според западните медиуми, откако Ким и Путин се сретнаа во септември и си ветија соработка во сите области. А, во истовреме, се додава, меѓународната изолација против нив – „против Русија поради војната во Украина и против Северна Кореја поради развојот на нуклеарно оружје“, расте.
Ким, инаку, важи за голем љубител на автомобили. Се верува дека има колекција луксузни возила прокриумчарени во Северна Кореја.
Во септември, за време на посетата на руската вселенска станица на далечниот исток на Русија, Ким наводно бил заинтересиран и за претседателската лимузина на Путин – „Аурус сенат“. Севернокорејскиот лидер до местото на средбата се возел со лимузина „Мајбах“, која била префрлена со специјален воз од Пјонгјанг. Ким е виден и во неколку други луксузни автомобили, како „Мерцедес“, „Ролс ројс фантом“ и „Лексус“.
Ново на Сител
-

Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар „Гевгелија“ и натпатникот на улица „Железничка“ во Гевгелија
-

Брижит Бардо ќе биде погребана покрај море
-

Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони
-

Повеќе скопски општини без струја и вода поради плански зафати
-

Во Берово утрово -9, во скопски Петровец -8 степени
-

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала
-

Потпишување договор за заем за обнова на возен парк на ЖРСМ Транспорт
-

Грушко: Русија гледа британско влијание во „најновите провокации“ на Украина
