Демири: Пристигнаа вакцини за возрасни против голема кашлица
Вакцините ДиТеПер за возрасни се пристигнати во државава и заинтересираните уште од денеска можа да примат ревакцина во вакциналните пунктови, информираше денеска министерот за здравство Илир Демири, одговарајќи на новинарски прашања на настан во Скопје по повод одбележување на 17 март Ден на крводарителството и Денот на основање на Црвениот крст.
- Вакцините се стигнати и веднаш ќе можат да се аплицираат кај луѓе кои имаат потреба од таков вид ревакцина, изјави министерот за здравство, Демири.
Тој посочи дека денеска ќе ја потпише одлуката на Комисијата за заразни болести за вакцинација на деца и истакна дека и без негов потпис таа е валидна.
- Сега ќе ја потпишам откако ќе се вратам, после настанот, одлуката на Комисијата е валидна и без мој потпис, оти Комисијата е составена од експерти кои носат праведни одлуки во интерес на граѓаните и во интерес на спасување животи, рече министерот.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен