Лекарската комора бара итна разрешница на случајот со убиениот лекар

Лекарската комора го осуди вчерашното убиство на докторот, кој со убодни рани беше пронајден мртов на паркингот пред поликлиниката Железара и бара од надлежните институции итно разрешавање на случајот.
– Истакнуваме дека никаков вид на насилство во општеството не смее да се толерира, бидејќи насилството не е соодветен начин на кој се решаваат проблемите. Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат, стои во соопштението од Лекарската комора.
Загубата на доктор е и загуба на целиот здравствен систем, велат од Лекарска комора, од каде посочуваат дека остануваат будно да го следи развојот на настаните и соодветно да реагираат.
Реагираа и од Здружението на приватни матични лекари кои во знак на револт најавија дека во понеделник од 12 до 16 часот ќе прекинат со работа.
Лекарот беше пронајден мртов со убодни рани синоќа на паркингот пред поликлиниката Железара.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
