-->
-->
МНР: Состанок на заедничкиот експертски комитет за историски, археолошки и образовни прашања согласно Преспанскиот договор
-->
Министерството за надворешни работи соопшти дека вчера во Скопје се одржал 8-от состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет на експерти за историски, археолошки и образовни прашања (последователно ЗИКЕ), оформен согласно одредбите на Преспанскиот договор.
-Двете делегации се согласија да продолжат да работат согласно одредбите на Преспанскиот договор, се наведува во кусото соопштение на МНР.
Заедничкиот интердисциплинарен комитет, се додава во соопштението, ја изразува својата посветеност на обврските стипулирани во договорот во Преспанскиот договор.
Датумот на одржување на следниот состанок во 2024 година ќе биде утврден преку дипломатските канали, наведуваат од МНР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот
-
ЈП Македонијапат: Сопствениците да ги отстранат возилата на патниот правец ски-центар Маврово-Бунец преку Никифорово и Леуново
-
Бајден: Беше животна привилегија да и служам на нашата нација
-
Претседателката Сиљановска-Давкова го прими специјалниот претставник на Норвешка за Западен Балкан, Еирик Матисен
-
Забраната за сообраќај на камиони укината на патниот правец Берово - Струмица
-
Професорите од Универзитетот во Ниш на пленум изгласаа прекин на работата и поддршка на студентите
-
61-годишник од девизна на починат со полномошно извадил 18.550 долари и 11.750 евра