Маричиќ: Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина

Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина, за доброто на сите граѓани, порача денеска првиот вицепремиер за европски прашања Бојан Маричиќ.
Она што го баравме од Европската Унија, вели Маричиќ, конечно е извесно дека ќе се оствари откако Советот на ЕУ и Европскот парламент постигнаа согласност за предлогот на Европската Комисија за воспоставување на Инструментот за реформи и раст, односно Планот за раст за земјите од Западен Балкан.
-Ова претставува значаен чекор напред за Северна Македонија на патот кон ЕУ, како земја која веќе ги започна пристапните преговори и успешно ја заврши првата фаза односно скрининг процесот. Со други зборови Европската унијата се заложува да ја спроведе една од најголемите инвестициски стратегии за интеграција на регионот на Западен Балкан, преку заедничка соработка со вкупно две милијарди евра во грантови и летири милијарди евра во заеми, за помош во реформите поврзани со ЕУ и економското приближување до европскиот стандард, изиави Маричиќ.
Според него, ивој чекор ја нагласува посветеноста за поддршка на усогласувањето на Северна Македонија со вредностите, законите и стандардите на ЕУ, со што значително ќе се забрза ефектот со сите социо-економски придобивки на нашиот пат кон полноправното членство во ЕУ. Инструментот ќе се реализира во периодот од 2024 до 2027, ќе го надополни постоечкиот Инструмент за претпристапна помош (ИПА III), значително зголемувајќи ја финансиската помош за партнерите во регионот.
Целта на Планот за раст, потенцира вицепремиерот, е да ги поддржи партнерите на ЕУ од Западен Балкан во преземањето реформи поврзани со ЕУ и ќе го стимулира економското приближување со ЕУ, врз основа на амбициозните реформски агенди.
-Пораката од ЕУ се надоврзува на нашите заложби, го потврдува она што ни е нам важно, ЕУ сака Македонците да бидат дел од Унијата. Во меѓувреме потребно е да ги реализираме реформите преку стратешки планови со цел раст на регионот и државата кои ќе донесат значителни социоекономски придобивки за сите граѓани. Токму затоа, Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина, за доброто на сите граѓани, вели Маричиќ
Ново на Сител
-

Ристовски: Фудбалскиот камп на AC Milan во Скопје е ретка можност за нашите млади спортисти да учат од европските гиганти
-

Во полициска акција во БиХ уапсени 13 лица, запленети оружје и експлозив
-

МВР: Автомобил во движење се запали на булеварот „Јане Сандански“
-

Вкупно пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, две лица уапсени
-

Ученичка извршила напад со нож во училиште во Манчестер, повредени три лица
-

Стефан Богоев излегува од притвор, судот ја прифати гаранција од 55 илјади евра
-

Груевски: Ретко демантирам, но никогаш не сум се сретнал и не сум разговарал со Александар Маленко
-

Предлог законот за заштита од пушење го помина првиот собраниски филтер
