Цените на нафтата достигнаа највисоко ниво во последните пет месеци
Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 4 отсто минатата недела, достигнувајќи го највисокото ниво во последните пет месеци, главно поради зголемените тензии на Блискиот Исток.
На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела скокна за 4,2 отсто, на 91,17 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 4,5 отсто, на 86,91 долар.
Скокот на цената на нафтата на највисоките нивоа во последните пет месеци најмногу се должи на порастот на тензиите на Блискиот Исток.
Иран соопшти дека ќе одговори на воздушниот напад на Израел врз иранскиот конзулат во Дамаск, главниот град на Сирија, во кој загинаа неколку високи воени претставници.
Израел не ја презеде одговорноста за нападот на конзулатот, но привремено затвори 28 амбасади ширум светот од безбедносни причини.
– Пазарот знае дека Иран веројатно ќе одговори, но не ги знае деталите и тоа создава голема непријатност и нервоза, изјави Бјарне Шилдроп од СЕБ.
Трговците се загрижени и за нападите на украинските беспилотни летала врз рафинериите во Русија, кои, според пресметките на Ројтерс, можеби блокирале околу 15 отсто од рускиот капацитет за преработка на нафта.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, вклучително и Русија, на минатонеделниот состанок ја потврдија одлуката за ограничување на производството, барајќи од одделните земји строго да се придржуваат до доделените квоти.
– Построгото следење на усогласеноста со квотите треба да резултира со дополнително намалување на производството во вториот квартал, пишуваат аналитичарите на ANZ во белешката до клиентите.
Проценките за послаба понуда се совпаднаа со знаците за забрзување на економскиот раст во САД, што може дополнително да ја зајакне побарувачката.
Ново на Сител
-
Од мала сум гладна за успех | Мартија Станојковиќ | Sitel Podcast 063
-
Детали за големата полициска акција во тетовско и Охрид | ВИДЕО
-
Град Скопје: Аплициравме со 20 проекти, но ни за еден не добивме пари
-
МАНУ: Во Македонија, како и во земјите во регионот и во светот, постои само една национална академија
-
Кривични против цариник и радовишанец
-
Се тепале две семејства во Штип, кривична заработија 21 лице
-
Нападнат ученик во училиштен двор
-
Трамп повторно тврди дека мигрантите од Хаити јадат домашни миленичиња