Вархеји: Не очекувам промена на Преговарчката рамка за Северна Македонија, критериумите за членство се јасни
Критериумите за членство на Северна Македонија во ЕУ се многу јасни. Не очекувам никаква промена на Преговарачката рамка и не сметам дека државите-членки сакаат да ги преразгледаат условите за пристапување, вели во интервју за БГНЕС еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.
На прашање на агенцијата дека во изминатите месеци некои македонски политичари тврдат дека може да има измени во Преговарачката рамка и дали има можности за промена на условите, што Северна Македонија треба да ги исполни, Вархеји рече дека критериумите за членство се јасни.
-Критериумите се многу јасни од 2022 година наваму, кога беше усвоена Преговарачката рамка. Тие треба да бидат исполнети и во таа смисла не очекувам никаква промена. Не сметам дека државите-членки ќе ги преразгледаат условите. Јасно е дека тие треба да бидат исполнети, рече Вархеји.
Еврокомесарот изрази надеж дека веднаш по изборите новата Влада на Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и оти земјава ќе продолжи напред со исполнување на критериумите.
Во однос на Србија, Вархеји кажа дека критериумите за Србија исто така се многу јасни.
-Добрососедските односи се дел од условите за пристапување во ЕУ за секоја од земјите-кандидатки. Србија има напредок на својот пат кон ЕУ. Ако погледнете кон Кластер 3, тој е подготвен да биде отворен. Исто така е јасно дека имплементирањето на Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ за руската агресија врз Украина, се претвори во уште поважна тема за кандидатите. Сега државите-членки на ЕУ гледаат уште повнимателно на нејзиното имплементирање, додаде Вархеји.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Илинден е трајна обврска да ја чуваме, развиваме и сакаме нашата татковина
-

Ангелов: Дваесетина помали пожари на отворен простор, најголем дел изгаснати
-

Двајца загинати и двајца спасени во судирот на хеликоптерите кои го гаснеа големиот пожар во Грција
-

Најтопло во Скопје, Велес и Демир Капија со 39 степени
-

Зголемена фреквенција на граничните премини Табановце и Богородица, сообраќајот се одвива непречено
-

Милошоски: Демографијата е нашата нова борба за Македонија
-

Рубио: Иран немал противник како Трамп кој е подготвен да преземе конкретни мерки
-

Сиљановска Давкова: Државата јакнее преку националното помирување, да ги надминеме поделбите и да зборуваме во еден глас за прашањата од национален интерес
