Илиоски: Заев повторно го избегна судењето

Обвинетиот Зоран Заев денеска повторно успеа да избега и да го одложи судењето во кое требаше да се појави како обвинет за земање поткуп од 100.000 евра, кои требале да бидат исплатени во менувачницата на Вицето, рече на денешната прес-конференција Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ.
- На обвинетиот Зоран Заев и неговиот тим, денеска им текна друга идеја. Неговите адвокати имале приватни обврски и не можеле да дојдат на ова рочиште. Претходно Зоран Заев ги одложуваше рочиштата затоа што средбите со некои амбасадори му биле поважни отколку поканите од македонските судови, рече Илиоски во Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, ниту еден граѓанин во Македонија не може да си дозволи вакво однесување како Заев. Тој појасни дека секој што добил покана за сообраќаен прекршок или прекршочна пријава за фрлање отпушок на улица одговарал на поканите од судот.
Илиоски праша зошто Зоран Заев е попривилегиран од сите останати во земјава и кој, како што рече, му дал право да ги гази институциите во Република Македонија.
- ВМРО-ДПМНЕ го осудува ваквото однесување на Зоран Заев и бара институциите да имаат ист третман кон него како и кон сите останати граѓани на Република Македонија, потенцира Илиоски.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Жртвата на бранителите - трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена
-

Град Скопје: Се реконструира главниот мост над Маркова Река, можно отежнато одвивање на сообраќајот
-

Изгаснат пожарот на депонијата во Крива Паланка
-

Водата во Скопје квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчките цариници запленија над 1.000 боци нелегален фреон, дел од нив откриени во пратка од нашата земја
-

ИЈЗ: Уживајте во летото, но водете грижа за здравјето
-

ИЈЗ со препораки за заштита на лицата постари од 65 години за време на горештините
-

„Силно светнал ден“ во Охрид: 35 години Македонија раскажани низ музика и сцена
