Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
Новоизбраната претседателка на државата Гордана Сиљановска-Давкова утре напладне ќе даде свечена изјава на инаугуративна седница во Собранието, согласно со член 81 став 9 од Уставот на Република Северна Македонија.
Седницата е закажана откако Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница објави конечност на резултатите за Претседателските избори, одржани на 24 април и 8 мај, и го достави извештајот до Парламентот.
Претседателот на ДИК Александар Даштевски и го врачи Уверението на Сиљановска-Давкова за избран Претседател на Република Северна Македонија, и во име на Комисијата и посака успешен мандат.
– Уверението секогаш претходи на прогласувањето што ќе се случи утре во Собранието за изборот за претседател на државата. Формална круна или формално финале на изборите, изјави за МИА Сиљановска-Давкова по примањето на Уверението од ДИК.
Свечената изјава таа утре ќе ја даде пред пратениците од стариот собраниски состав, по што ќе почне да тече нејзиниот петгодишен претседателски мандат. Претседателската функција ќе ја преземе од Стево Пендаровски, нејзин противкандидат на овие и на претходните избори во 2019, кому мандатот му истекува утре.
Универзитетската професорка Гордана Сиљановска-Давкова ќе биде шестиот претседател на државата и прва жена избрана на оваа позиција.
Ново на Сител
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
-

Чеферин гостин на Омерагиќ, заедно ќе го следат дуелот Македонија – Словенија
-

МФ: Јавниот долг во 2027, во согласност со ревидираните податоци за БДП, нема да го надмине прагот од 60%
-

Родителите со две ќерки се најсреќни, покажува научна студија на речиси 50.000 луѓе
