Мелони денеска ќе ги посети прифатните центри за мигранти во Албанија

Премиерката на Италија, Џорџа Мелони, денеска ќе престојува во официјална посета на Албанија, поточно во округот Лежа, каде се двата прифатни центри за мигранти.
Според кабинетот на албанскиот премиер Еди Рама, Мелони со поголема група новинари на пладне ќе допатува во пристаништето Шенѓин, каде ќе биде центарот за прием на мигрантите, кој е целосно подготвен за тоа.
-Двајцата премиери ќе ја посетат и поранешната воена база Ѓадр, каде се уште се работи на уредувањето, а во која ќе бидат сместени три илјади мигранти месечно, односно 36 илјади годишно, каде ќе чекаат одговор на барањата за азил, објави Топ чанел.
Предвидено е да одржат и заедничка прес-конференција.
Рама и Мелони на 6 ноември 2023 година во Рим потпишаа договор за прифаќање на мигрантите, кои требаше да профункционираат на 20 минатиот месец, но поради доцнењето на работите тоа не се случи.
Времетраењето на договорот е со важност од пет години, но тој може автоматски да се продолжи за уште пет години доколку една од страните, најмалку шест месеци пред истекот на датумот, не побара да не се обновува истиот.
Според договорот сите трошоци ќе ги сноси Италија и тие за 5 години ќе изнесуваат 650 милиони евра.
Ново на Сител
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
-

Загина 65-годишен возач на мопед по судир со автомобил
-

Засилени контроли за електрични тротинети, во август констатирани 606 прекршоци, одземени 18
-

Герасимовски: Паркот на новинарите исчистен, бездомните лица иселени , го враќаме редот и мирот во Центар
-

НАТО забележува пораст на руските хибридни напади
-

Сослушани сведоци на обвинителството и одбраната во случајот против судијата Ѓоко Ристов
-

Преку забрзување на реформите и координација меѓу владите, парламентите и политичките чинители до поскоро членство во ЕУ
-

45 дена затвор за скопјанка која со „Мерцедес“ двапати прегази куче во Улцињ
