Сиљановска Давкова се обрати на главниот панел на конференцијата за обнова на Украина во Берлин
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на главниот панел на конференцијата за обнова на Украина, што се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија.
Како што информира претседателскиот Кабинет, Сиљановска Давкова се обрати на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа и домаќините на конференцијата, германскиот канцелар Олаф Шолц и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а свое обраќање имаше и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен.
На главниот панел присуствуваа и претседателите и премиери од Холандија, Норвешка, Финска, Литванија, Молдавија, Естонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Грузија.
Претседателката Сиљановска Давкова во своето обраќање рече дека по Втората светска војна, Маршаловиот план, меѓу другото, беше израз на солидарност кон разрушената Европа, а денес, како што нагласи, е неопходен нов вид Маршалов план за разрушената Украина.
Според претседателката, неопходно е инвестирање не само во патната и во енергетската инфраструктура, туку и во човечката, образовна, социјална и нормативна инфраструктура.
На сесијата, како што се наведува, позитивно беше оценета постоечката заедничка европска позиција дека треба да продолжи сеопфатната помош за Украина.
Претходно, претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на отворањето на конференцијата, на кое свои обраќања имаа германскиот канцелар Олаф Шолц, украинскиот претседател Володимир Зеленски, и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен.
Конференцијата е продолжение на серијата годишни настани на високо ниво посветени на брзо закрепнување и долготрајна реконструкција на Украина, по почетокот на руската воена агресија.
- Клучна цел на настанот е да се обезбеди континуирана меѓународна поддршка за обнова, реконструкција, реформи и модернизација на Украина, соопшти Кабинетот на претседателката Сиљановска Давкова.
Ново на Сител
-
Дебата Бајден/Трамп: За Бајден противкандидадот е плачко и уличарка, Трамп вели ќе ја заврши војната во Украина
-
Европските лидери ги избраа носителите на врвните функции во ЕУ
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Поплавени домови во Волково
-
Без струја повеќе места во Скопје, Битола, Тетово, Гостивар и Радовиш
-
ЦУК: Поплавени куќи, подруми, гаражи, улици, паднати дрва, прекини на струја и интернет
-
Возете внимателно во дебарскиот регион, има одрони