Пропадна враќањето на Конор МекГрегор во октагонот
Враќањето на Конор МекГрегор во кафезот повторно е одложено.
Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, на социјалните мрежи објави дека борбата меѓу Ирецот и Мајкл Чендлер, која требаше да биде главен настан на УФЦ 303, пропаднала поради повреда на борецот од Даблин.
Шампионот на УФЦ во полутешка категорија Алекс Переира ќе ја брани титулата во реваншот против Јиржи Прохаска на главниот настан на УФЦ 303, на местото на МекГрегор-Чендлер.
Променет е и последниот загревачки меч на боречката гала, која треба да се одржи на 29 јуни во Лас Вегас. Џамал Хил се повлече од пресметката со Карлос Улберг поради повреда. Тоа место ќе го пополнат Брајан Ортега и Диего Лопез во перо категорија. Улберг доби нов противник – поранешниот претендент за титулата Ентони Смит.
Последната борба на Конор беше во 2021 година, кога поранешниот шампион во две дивизии ја скрши ногата во ММА дуелот со Дастин Поарје.
Ново на Сител
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
-

Зголемена дневна фрекфренција од албански граѓани на ГП „Ќафасан" за набавка на нафта и храна во Македонија
-

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка за да се спроведе
-

АВМУ: Партиите да не етикетираат новинари, а медиумите да ги почитуваат новинарските стандарди
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно возење
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
