Македонија
18. јуни 2024 - 19:54
Дупла работа за уписите на идните средношколци
Уписот за средношколците и годинава, налик на запишување на семестар на УКИМ. Потребните документи за упис, ќе треба да ги потполнат и електронски, но ќе треба да ги достават и во хартиена форма во воспитно-образовните установи. Првото електронско пријавување на деветтоодделенците започнува во четврток, а завршува на 25. јуни, соопштија од МОН.
Од Форумот за образовни промени се децидни дека електронското и хартиеното пријавување на документите претставува дупла работа за учениците.
Од Сојузот на средношколци пак сметаат дека ова е позитивен чекор кон дигитализацијата на средното образование.
Второто електронско пријавување во јунскиот уписен рок ќе биде на 1 и 2 јули.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->