Нова компресорска станица на клинички дури наредната година
Хируршките и речиси сите клиники од интерниот блок кои користат комримиран воздух дале согласност до Заеднички служби за набавка на нова компресорска станица и промена на инсталација. Останала само уште една установа да даде зелено светло а рокот е до утре.
За да работат во нормални услови клиниките од своите буџети треба да издвојат 21 милиони денари кои најверојатно ќе ги бараат од фондовската каса. По колапсот кој траеше со недели кога на многу пациенти им беа одложени интервенциите поради неработењето на салите, сега хирурзите оперираат со надворешни компресори како преодно решение и во две смени за да ги намалат листите на чекање.
Така ќе функционираат уште најмалку 6 месеци кога е реалниот рок за поставување на нова комресорска станица и инсталација. Од заеднички служби во оперативниот план навеле дека најмалку четириесетина дена е рокот за тендерските процедури и уште 120 дена за градежните активности.
Лекари од клинички велат дека требало многу порано да се реагира за да не дојде до овој хаос.
-Имаме еден системски проблем кој е резултат на повеќе стратешки грешки. Тука стратешката грешка е што овој систем требало да биде променет, заменет пред најмалку 3 години. Треба да се запрашаме зошто тоа не е направено и зошто никој до сега не алармирал, вели д-р Игор Николов, нефролог
Затворањето на операционите сали на хирургија беа повод за испитувања и анализи на станицата која ги снабдува клиниките со комримиран воздух. Но не биле најдени никакви отстапувања и проблеми. Останува уште правење на хемиски испитувања кои треба да покажат од што е смрдеата во хируршкиот блок.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар