Македонија
23. јуни 2024 - 16:39

Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?

Се уште не е познато кога министерството за здравство ќе го санира срушениот ѕид кај Детската клиника. Оттаму и денеска не одговорија на нашите прашања за тоа кога ќе биде преземена акција.

Стенд ап: Ситуацијата на терен е иста како и првиот ден кога се сруши ѕидот. Никој го нема санирано, а ова место се уште претставува голема опасност за граѓаните кои живеат овде, но и за сите лица кои минат пеш или со возила,  по оваа улица Белградска.

Од Општина Центар велат дека е испратено задолжението до здравство за да си ја поправи оградата.

ТЕЛОП Инспекциските служби на Општина Центар уште пред десет дена со решение му наложија на Министерството за здравство веднаш да го санира ѕидот кој претставува ограда на Клиниката за детски болести и е во надлежност на Министерство за здравство.

Но состанок меѓу град скопје и центар се уште не е одржан, на кој треба да се договорат како ќе ги поправат проблемот со подземните води, кои се веќе површински, ама само на улицата Белградска.

Хиерархиски гледано, Град Скопје треба да повика претставници на општината за да скројат решение.