Тенис
5. March 2016 - 19:08

Дејвис куп: Македонија подобра од Црна Гора

Македонската тениска репрезентација оствари победа над Црна Гора во мечот за 5.место од Третата Европска зона од Дејвис купот. Натпреварувањето се игра во Талин, Естонија. Македонија ги доби двата сингл меча и со тоа го освои 5.место.
Во својот прв меч Горазд Србљак донесе водство за Македонија откако го совлада Матија Булатовиќ со 6:1 и 6:2 во сетови. Во вториот меч Димитар Грабул го победи Резарт Цунгу со 6:2 и 6:0 во сетови. Откако победникот е решен мечот во двојки нема да се игра.
Во полуфиналните дуели Естонија ја победи Моладавија со 2:0, а Кипар беше подобар од Република Ирска. Пласман во Втората Евро-африканска зона изборија Естонија и Кипар.