МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово

Министерството за внатрешни работи денеска информира дека по вчерашното убиство на Р. Т(39) на улицата „Штипска“ во Тетово имаат основи за сомневање за можниот сторител. Вчера, убиството беше пријавено во 20 часот и 35 минути по што полицијата во координација со Основното јавно обвинителство Тетово формирало екипа, која извршила увид на улицата „Штипска во Тетово“ по што се евидентирани докази и траги.
- Подигнати се траги за вештачење, како и возилото во кое бил Р.Т., кое е однесено за криминалистичко-техничка обработка, а неговото тело по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција. Од страна на инспектори извршени се службени разговори со лица – можни сведоци на настанот, извршени се дополнителни проверки, по кои веќе постојат основи на сомневање за можниот сторител на делото, издаден е централен распис за негово лишување од слобода и продолжуваат интензивните оперативно-технички мерки и активности за целосно расчистување на случајот, соопшти денес МВР.
Јавното Обвинителство претходно денеска информираше дека тетовски обвинител дал наредби за обдукција на убиениот, како и за обезбедување на снимки од видеонадзор, а возилото и други траги се подигнати за вештачење.
По вчерашното убиство, според информацијата на МВР, бил одржан работен состанок во просториите на СВР Тетово на кој учествувало раководството на СВР Тетово, на криминалистичка полиција, на економски криминал и на полициска станица Тетово, на кој се дадени прецизни насоки за понатамошно постапување.
Вчера во 20.35 часот беше пријавено во тетовската полиција дека на улица „Штипска“, во близина на угостителски објект, едно лице кое било со возило „мерцедес“ пукало кон возило „БМВ“ во кое било лицето со иницијали Р.Т.(39), кое од добиените повреди починало.
Ново на Сител
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на здружението „До бебе по патот на ин витро“
-

Акција „Чистач“: Уапсени 5.628 лица, 1.158 претреси во борбата против насилниот криминал, трговија со дрога и прекуграничниот криминал
-

Стопанската комора предлага 13 неработни денови и укинување на префрлањето на празниците што паѓаат во недела
-

Мицкоски: Остануваме држава со најниска цена на дизел горивото и на безоловниот бензин
-

Мицкоски: Оваа Влада ги завршува проектите што биле закочени со децении, а ако опозицијата иницира предвремени избори, ќе дадеме соодветен одговор
-

Онкологија: Вештак на одбраната тврди дозирањето и третманот на онколошки пациенти е согласно европски протоколи, Обвинителството ги оспорува заклучоците
-

Пуштена во употреба новата детска градинка во Теарце, 147 деца ќе бидат згрижени
-

До четврток сончево и топло, од петок променливо облачно со пообилни врнежи
