Македонија
7. July 2024 - 16:34
Засилени полициски контроли на најфреквентните места
Во екот на сезоната крадци оперираат во туристичките центри. Освен ситните кражби по крајбрежјето, на мета се и паркираните автомобили во близина на плажите, каде посетителите ги оставаат своите вредни предмети. Многу чести се случаите со искршените стакла на возилата и украдените радија, лаптопи, ситни пари и накит од внатрешноста на автомобилите.
Крадците ја користат гужвата и невниманието на туристите за да им одземат вредни предмети.
Засилени полициски контроли на најфреквентните места каде најчесто се движат туристите .
Од охридската полиција и оваа сезона со истиот апел да не се споделуваат плановите за одмор на социјалните мрежи, бидејќи на тој начин крадците лесно може да видат кога ќе бидете далеку од дома.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->