Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата

Состојбата со тековните и планираните реформски чекори во судството, евроинтегративните процеси, Стратегијата за реформи во правосудството 2024-2028, состојбата со Судскиот совет, затворите, како и борбата против корупцијата и организираниот криминал, биле теми на разговор на денешната средба на министерот за правда Игор Филков со шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

- Во однос на законодавната агенда која треба да се реализира во периодот кој претстои се планира отворање широка јавна дебата на сите засегнати чинители во која ќе бидат слушнати мислењата на експертската и општата јавност со цел да се дојде до најдобри реформски решенија за реализација на програмските цели на Владата, се наведува во соопштението од Министерството за правда.
Министерот Филков посочил дека во изминатите 10 дена откако ја презел функцијата е информиран и целосно запознаен со процесот на преговори во делот на Поглавјето 23 „Правосудство и фундаментални права”, Планот за раст и 7-те цели од Реформската агенда, вклучување на невладините организации во дискусиите, како и активностите поврзани со реализација трите тековни проекти, еден од ЕУ и два од УСАИД.
Филков ја истакнал определбата дека спроведувањето на реформската агенда е приоритет на државата при што останува клучна поддршката од ЕУ за стабилноста на земјата со надеж за продолжување на билатералната соработка во духот на заедничките вредности.
Делегацијата на ЕУ предводена од евроамбасадорот Гир ја поздравила посветеноста кон реформската агенда и ја истакнала максималната поддршка за евроинтеграцискиот процес, како и подготвеноста за континуирана соработка и обезбедување на сета потребна помош за спроведување на клучната реформска агенда.
Ново на Сител
-

Американските авиони поради кои Техеран и се закани на Софија ја напуштија Бугарија
-

Путин: Глорификацијата на нацизмот и неонацистичката идеологија е во темелите на модерната украинска државност
-

Истрели од огнено оружје во Арачиново, повредени две лица
-

Поставена и осветена биста на Кирил Пејчиновиќ во дворот на црквата Свети Димитриј во Теарце
-

Се доизгаснува големиот пожар кај Струмица
-

Приведен 30 годишен кумановец, допирал 18 годишна девојка по телото, по што побегнал со мотоцикл
-

Општина Центар и овој викенд на терен, се расчистуваат диви депонии
-

ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот кај Палиград и Китка
