На Табановце во функција сите сообраќајни ленти, полицијата презема мерки времето на поминување да се сведе на минимум
На граничниот премин Табановце во периодот од 10/ 11 јули годинава од полноќ до 08:30 часот утрово, излез оствариле 1.353 патници, а влез 3.536, соопшти денеска МВР. Зголемен е бројот на патници и возила во овој период со оглед на годишните одмори. Полицијата, велат од МВР ги презема сите мерки и активности, со цел да излезе во пресрет на сите патници и возила кои го користат овој граничен премин и се ангажираат дополнителни сили, се стават во функција сите расположливи сообраќајни ленти.
- Со оглед на годишните одмори и летниот период нормално е и очекувано да имаме зголемен број на патници и возила имајќи предвид дека Република Северна Македонија се користи како транзит земја за туристите на кој крајна дестинација им е Грција, a во овој период имаме и наплив од дијаспората која доаѓа во државата. Согласно ангажманите односно ангажирањето на поголем број на полициски службеници за пасошка контрола се обидуваме времето за пасошка контрола да биде сведено на минимум време за чекање, велат од МВР.
Туристите кои претпладнево ја поминуваа границата кажаа дека чекаат по 15 до 20 минути, што и за нив е изненадувачки брзо и ефикасно, бидејќи велат свесни дека е ек на туристичката сезона и самите очекуваат метеж на граничните премини, патарините.
Ново на Сител
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата
-
Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки
-
Тројца тинејџери биле приведени вчера откако кај нив полицијата пронашла марихуана