Македонија
20. July 2024 - 11:38

Пилотите од соседството за Сител: Со пожарите во Македонија се бориме како за своја земја

Големи и опасни. Вака ги опишаа пожарите кај нас пилотите од соседството, кои со денови пожртвувано им помагаат на своите македонски колеги во гаснењето на огнените стихии. За Сител велат дека се борат како за своја земја. 

И покрај деноноќните интервенции на службите и од воздух и од копно, се уште се активни осум пожари. Вечерва најкритично е во околината на Чашка, а предизвик се и повеќето расфрлани пожари на Серта. 

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изнесе сериозни обвинувања дека најголем дел од пожарите се подметнати. Министерот за внатрешни работи за Сител тврди дека се користат сите ресурси за расчистување на случаите со пожарите кои се предизвикани од човечки фактор. 

УХМР најавува дожд за во следните денови. Службите се надеваат дека токму дождот ќе им ја олесни работата и ќе локализира повеќе критични жаришта.