Македонија
22. July 2024 - 16:35

Ахмети осамен во идејата за меѓуетничка платформа

Ниту една партија не ја поддржува идејата на ДУИ за регионализација на државата налик на Белгија и Швајцарија, како за озаконување на „мајскииот договор“ за владино коалицирање “победник со победник“ меѓу Македонците и Албанците.  

Македонскииот блок партии сметаат дека тоа е вовед за федерализација на државата, но и недемократски принцип за формирање на Влада. Дополнително, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека ДУИ презема очајни потези за да ја задржи коалицијата на Европски фронт до локалните избори.

Против се и од опозициската СДСМ.

„Постизборните коалиции треба да се прават на база на усогласувањата на програмите и идеолопшката позиција на партиите, а не да се условуваат по принципот победник со победник во законска регулатива. Секој глас на граѓаните е еднаков глас и оттука несоодветни би биле законски измени по етнички клуч. Право на секоја партија и политички субјект е да избере коалициски партнер, пред или по изборите“ велат социјадемократите.

Идејата на Ахмети, промовирана пред два дена во колумна на поранешниот министер за надворешни работи Османи, не е прифатлива ни за албанскиот коалициски парртнер во Владата.

ДУИ веќе објави дека официјално работи на т.н. политичка платформа за межуетнички легитимитет. Се работи за автентично толкување на Охридскиот договор од 2001 година кое го бара Ахмети со цел да покажел дека оваа влада со Вреди нема легитимитет.  Со цел поддршка на своите тези ДУИ го ангажирале и Пол Вилијамс, меѓународен посредувач во конфрликти кој работеше и на Охридскиот договор.