Македонија
22. July 2024 - 16:38

Синдикат на клинички: Срамота е држава да не може да најде 5.5 милиони евра за поголеми плати во здравството

Таравари им ги скрати надежите на здравствените работници. До крајот на годината нема пари за поголеми плати. Реагираа од Синдикатот на клинички и им порачаа на властите дека убаво е да се градат нови болници, но прво треба да има финансиски мотивиран медицински и останат кадар за да можат да функционираат тие установи. Според нивните пресметки и потпишаните анекси на почетокот на годината кои поминале на претходната влада, за повисоки плати во здравството државата треба да издвои околу 5.5 милиони евра за 3 месеци.

- Од прилика за овие 3 месеци (септемри, октомври, ноември) оптеретувањето на буџетот е околу 5.520.000 евра за 20.000 вработени во јавното здравство. Ако не можат да најдат 5.520.000 евра за овие 3 месеци не знам за што повеќе да разговараме, изјави д-р Предраг Серафимовски, претседател на Синдикатот на Клинички.

Од Синдикатот на Клинички кој делува заедно со гранковиот синдикат за здравство при ССМ посочуваат дека најголем дел од вработените во здравството земаат над минимална, но подпросечна плата. Според нив сестра со средно на клиника имала околу 28.000 денари месечни приходи. Затоа бараат најголемо почачување за средно медицинскиот кадар.

- Бараме линеарно за сите, најмлаку околку 5 % ќе добијат докторите, а 18 % медицинските сестри со средно, зошто последните 3 години постојано реагиравме на популистичкото зголемување на минималната плата, а не се усогласуваа коефициентите на останатите вработени, изјави д-р Серафимовски, пшретседател на Синдикатот на Клинички.

Кои ќе бидат нивните следни чекори по најавите дека нема пари за поголеми плати во здравството ќе одлучат најдоцна до среда на седница на Советот на синдикатот на Клинички.