Бизнис
23. July 2024 - 8:26

Потпишување договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу ЕБОР и АД МЕПСО

Во Кристалната сала на Владата на Република Северна Македонија денеска ќе се потпише договор за заем од 26,4 милиони евра помеѓу Европската банка за обнова и развој - ЕБОР и македонскиот оператор за електропреносен систем АД МЕПСО.

Како што информираат од владината прес-служба, средствата од заемот се наменети за зајакнување на преносната мрежа на АД МЕПСО.