Македонија
24. July 2024 - 16:31

Сојуз на стопански комори бара укинување на новиот тарифник за нотари

Членки на сојузот на стопански комори бараат новиот министер за правда да го укине решението за зголемување на нотарската тарифа. Подготвуваат иницијатива со која ќе бараат да остане тарифата утврдена од 2016г бидејќи планираните измени директно ќе ги погодат сите граѓани а посебно земјоделците, занаетчиите, почетници и микро претпријтија.  Доколку оваа тарифа за нотарска награда за кредит до 100 000 денари, наместо сегашните 800 денари ќе чини 8000 денари. Стопанската комора смета дека зголемувањето на нотарската награда не може да се оправда ниту со стапката на инфлација и голем број од засегнатите  лица ќе се откажат од инвестиции во развојот на своите бизниси.

 – Сметаме дека со поставувањето на првиот праг за состав на нотарски акти од 0-300000 денари всушност се напушта елементарниот принцип на категоризација според вредноста на предметот на службеното дејствие, од причина што скоро сите од засегнатите лица се во тој оптег.

Новиот министер за правда Игор Филков до сега не се изјасни како ќе постапи, дали ќе се направат промени или  ќе стапи на сила новиот тарифник од први септември.

 - До Министерството за правда до овој момент не е доставена иницијатива од членови на Сојузот на Стопански комори кои бараат да се укине и измени нотарската тарифа која ја потпиша поранешниот министер за правда, Кренар Лога.

Екс министерот Лога стави потпис на новиот тарифник за нотарска награда уште во февруари а Владата го потврдила на седница на почетокот на јуни но за оваа  одлуката од одржаната седница не ја информираа јавноста. Според измените, без разлика дали предметот е во вредност од 500 или 50 000 денари, за составување на нотарски акт, граѓаните ќе плаќаат 8000 денари. Составување на еднострани правни акти  наместо 400 ќе чини 1300денар а двојно повеќе поскапуваат и заверките на потпис и превод.