Македонија
24. July 2024 - 16:34

Тошковски: СДСМ се расфла со пердуви за мене и Јанушев

Расфрање со пердуви. Вака министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги отфрли обивнувањата од СДСМ дека и тој бил вмешан во наводно незаконски подарениот имот – стан  на генералниот секретар на Владата и поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Јанушев во текот на 2010 година. Тошковски вели дека за очекување е опозицијата да излегува со лажни обивнувања како реакција на најавите за одговорност на функцинери на СДСМ и ДУИ.

Од неговата матична партија одат чекор потаму и велат дека обивнувањата за Тошковски и Јанушев всушност ги прават, како што велат „измеќарите на ДУИ во СДСМ“ поради кривичната пријава што МВР ја поднесе против Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети.

За СДСМ ваквиот одговор на Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ е недоволен и повторно прашуваат која е улогата на мнистерот во начинот на кој Јанушев се стекнал со имот вреден 325 илајди евра.

„Дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата во центарот на Скопје? Како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев?’, прашуваат од СДСМ.

Партијата објавува и документ за тоа дека Тошковски е адвокатот кој го заверува подарениот имот и дека во зградата стан има токму и министерот.

По неколку дневните обвинувања на СДСМ, вчера Антикорупциската комисија потврди дека отоворила предмет за имотот на Јанушев. Антокорупционерите бараат од Управата за финансиско разузнавање проверка на имотот, кој наводно првично не бил пријавен во неговиот анкетен лист.

Јанушев, како и Тошковски, веќе ги отфрли обвинувањата дека поседува имот кој не го пријавил, односно дека стан кој подоцна е пријавен како подарок е стекнат под сомнителни околности, како што тврди СДСМ.