Македонија
25. July 2024 - 16:44

Утврдена предлог одлуката за состав на Комитетот за односи меѓу заедницата

Народниот правобранител ќе предложи член за да се комплетира составот на Комитетот за односи меѓу заедниците откако не беше исполнет условот на празното место да седне пратеник од ромска националност. Претседателот на собраниската Комисијата за избори и именување Сајкоски вели дека откако не е поднесен предлог согласно законските рамки, утврден е составот на Комитетот, а за уште еден член предлог до парламентот треба дополнително да достави Омбудсманот. 

Европскиот фронт пак, обвинува дека ваквата одлука била донесена на шверцерски начин, а материјалите не се преведуваат на албански јазик. Најавуваат жестока дебата на седница, оти не отстапуваат од ставот дека тие како победничка албанска партија имале право да предложат член турчин за празното место.

Предлог одлуката беше утвдена без расправа, и ќе се најде на пленарна седница на Собранието. 

Согласно Законот, Комитетот го основа Собранието во рок од 60 дена од денот на неговото конституирање, а го сочинуваат 19 члена од редот на избраните пратеници при што седум члена се од редот на пратениците Македонци, седум од редот на пратениците Албанци, и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци.