Мисајловски го посети Воздухопловниот ВИНГ, благодарност за придонесот при гаснењето на пожарите
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заменик-началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин и началникот на штаб на Командата за операции, бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски денеска ја посетија командата на Воздухопловниот ВИНГ во Касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Како што информира Министерството за одбрана, Мисајловски за време на посетата оствари средба со командантот на Командата на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Игорчо Стоименовски и со останатите командири на единиците во состав, на која беше брифиран за состојбите и оперативните можности и капацитети на оваа Команда.
- Мисајловски се заблагодари на пилотите и целиот персонал на оваа команда за придонесот при гаснењето на пожарите во нашата држава и им порача дека активно ќе работи заедно со сите чинители од оваа команда и со Генералштабот да се надминат предизвиците со кои се соочува оваа клучна единица на Армијата, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Заеднички воздушни вежби на Јужна Кореја, САД и Јапонија
-
СВР Скопје го расчисти убиството во Арачиново
-
Во Гевгелија измерени 14 степени, во Берово минус два
-
ЕК: Северна Македонија е во рана фаза на подготовкa за одржливо земјоделство
-
Русија соопшти дека синоќа соборила 19 украински беспилотни летала
-
Втор круг од претседателските избори во Молдавија
-
Бајден упати остри критики кон републиканците за Законот за заштита на пациентите
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози