Какви измени треба да претрпи Кривичниот законик?
Ниту целосна ресавска школа – презамање на Кривичен законик од Германија како што нуди опозиционерот Филипче, ниту премногу општи квалификации како по примерот на ЕУ, како што бара премиерот Мицкоски. Правните експерти бараат обмислен Кривичен законик што ќе одговара на македонските прилики, што ќе го напишат стручњаци, но кој ќе влее и доверба кај граѓаните.
Последните измени на кривичните одредби беа критукувани и во вчерашниот извештај на Европската комисија за степенот на владеење на правото во ЕУ и државите кандидатки.
Стојановски вели дека последните измени со кои застареа многу предмети се на штета на буџетот, но дека механизми за гонење на корумпираните се уште има. Тој, како и Брисел, бара да се работи на капацитетите на обвинителството.
Македонските граѓани веќе неколку години чекаат нов Кривичен законик откако поранешната министерка за правда Дескоска, по критиките од ЕУ, најави реформа на целиот правосуден систем. Наместо тоа, добивме измени на Кривичниот зкаоник со кој се намалија казните и рокот за застареност за злоупотреба на службена положба и несовесно работење во службата.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар