Од мобилниот телефон на врховен судија против кого е отворен предмет добиени сознанија за друго можно кривично дело
Јавното обвинителство денеска соопшти дека во рамки на предмет против врховен судија и при анализа на неговиот телефон добиени се сознанија што упатуваат на друго можно кривично дело поради што вчера е извршен претрес во Академијата за судии и јавни обвинители.
- Во рамки на предмет против врховен судија, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција при анализа на телефонот на осомничениот дојде до сознанија што упатуваат на можно сторување на друго кривично дело. Како резултат на тоа, предметниот обвинител со цел да ги испита ваквите индиции оформи предмет со кој достави барање до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје за одземање на два мобилни телефони од лице вработено во Академијата за судии и јавни обвинители, како и видео запис и две досиеја за еден поранешен и еден актуелен кандидат на Академијата, се вели во денешното соопштение од ЈО.
Во текот на вчерашниот ден, припадници на Одделот за крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапиле по наредбата на судијата и ги обезбедиле бараните предмети.
Вчера попладне во Академијата за судии и јавни обвинители се вршеше претрес, а од МВР информираа дека се одземени електронски податоци од компјутерските системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.
Во мај годинава беше приведен врховниот судија Наќе Георгиев за примање поткуп по што Судскиот совет му го одзема имунитетот и го одобри притворот.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 18:00 часот 13 пожари на отворен простор од кои два се активни 11 изгаснати
-

Мицкоски: По не знам колку време имаме повеќе барања за поврат на македонското државјанство отколку барања за отпис од државјанство
-

Седум лица уапсени од вкупно 11 пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

СП 2026: Американски министер: Мило ми е што Иран е елиминиран и неговите фудбалери нема да се вратат во нашата земја
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги доби здравство и социјална политика, демографија и млади, Вреди - култура, односи меѓу заедниците и правда, ЗНАМ - земјоделство
-

Ангелов: Воспоставена делумна контрола на пожарите кај Велес и Дојран
-

Полјански: Европа би можела да биде вовлечена во конфликт со Русија дури и пред 2030 година
-

УГД - Штип по приведувањето на професорката за мито: Сите што имаат сознанија за незаконски дејства да пријават
