Хеликоптери од Србија, Чешка и ер трактори од Германија ќе ги гаснат пожарите во Македонија
Хеликоптери од Србија и Чешка и ер трактори од Германија ќе се вклучат во гаснењето на пожарите коишто го зафатија источниот дел на Северна Македонија. Центарот за управување со кризи информира дека е обезбедена меѓународна помош за гасење на пожарите со помош на ЕУ механизмот на цивилна заштита. На располагање ќе бидат ставени еден хеликоптер од Србија - Agusta Bell 212, кој веќе пристигна на скопскиот аеродром и хеликоптер од Чешка (Black Hawk) со капацитет на ведро од 3 тона, кој се очекува да пристигне вечерва. Дополнително се очекуваат да пристигнат и два ер трактори од Германија.
Помошта следи по алармантните пожари коишто изминатите денови ја зафатија Источна Македонија, предизвикувајќи пустош по планините. Огнот зафати и над четириесетина куќи во Светиниколско и Дојран, а во Кумановско ја зеде и првата жртва. Хеликоптери и ер трактори од Србија, Чешка и Германија ќе ги гаснат пожарите во Македонија
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека ситуацијата е тешка, но не е алармантна. „Апелирам да не се создава непотребна паника. Донесовме одлука да предложиме на Владата да се ангажира и т.н. НАТО механизам за помош. Во овој момент таква потреба нема, но може да се појави во текот на денот. Во овој момент имаме доволен број на луѓе за спротивставување на огнената стихија“, вели Ангелов.
Ново на Сител
-
САД го истражуваат протекувањето на строго тајни документи со детали за израелските планови за напад на Иран
-
Рама: Обединувањето со Европа е пат со две ленти, 100 отсто сум убеден дека во оваа деценија ќе станеме дел од ЕУ
-
Мицкоски ќе учествува на 20. Европски самит во Салцбург
-
Координатор на ОН за Блискиот Исток: Кошмарот во Газа се засилува
-
Маск ќе подарува по милион долари дневно до изборите на некој што ќе ја потпише неговата петиција
-
Околу 100 ракети истрелани од Либан кон северен Израел
-
Израел го нападна штабот на разузнавањето на Хезболах во Бејрут
-
Маж од скопско ја нападнал својата 19-годишна ќерка