Loading Video...
Свет
8. August 2024 - 16:37

Преглед на вестите од светот

Рускиот генералштаб  обајви дека  ја контролираат ситуацијата во  Курск и работат на истиснување на украинските војници од руската територија.  Во втоникот околу  украински војници 1000 поддржани од над 35 оклопни возила упадна во Курс. Шефолот на Кремњ упадот го оцени како голема провокација. 

По три дена молк, Киев конечно се огласи за упадот на украинските трупи во рускиот пограничен регион. Упадот е последица  на агресијата на Москва на Украина изјави  Михајло Подољак, советник на украинскиот претседател Володмир Зеленски. Подољак не сподели  информации за копнената офназива на руска теритрија која  почна во вторникот  , но потенцираше дека Се што прави Украина е обид да дојде до праведен мир.   

Израел продолжува од воздух да го напаѓа појасот Газа. Министерството за здравството во  Газа, тврди дека утрово биле погодени шатори со бегалци, при што загинале  17 палестинци. Според податоците на министерството за здравство во Газа , најмалку 39.677 Палестинци се убиени  а 91.645 се повредени во израелската офанзива од 7 октомври лани. Израелската армија пак објави дека го ликвидирале  високиот  заповедник на палестинската милитантна група Хамас, Наел Сахл кој според нив управувал со нападите врз израелската војска на Западниот брег. Во Израел пак се прават подготовки за можните напади од Иран и либански Хезболах.

Националната итна медицинска помош собира крв, фабриките ги преместуваат  опасните материјали  а градските власти ги проверуваат засолнитата за бомби и снабдувањето со вода. 

 Иран и Хезболах се заканија дека ќе  го нападат Израел за да се одмаздат за атентатите врз политичкиот водач на Хамас, Исмаил Ханије и високиот воен  командант на Хезболах, Фуад Шукр.