Македонија
9. August 2024 - 16:41

ВЛЕН контра ДУИ: Наместо ветинг, со уставен амандман ќе бараат политичка одговорност

Со уставен амандман колицијата Вреди ќе бара повторување на сите правосудни постапки за поранешни или сегашни функционери, кои се прекинати заради застареност на евентуалната кривична одговорност. Поддршка за ветингот на ДУИ нема да дадат оти велат дека немаат искрена намера да се расчисти политичката корупција со правни последици. 

Дали за ваквата идеја добиле поддршка и од ВМРО ДПМНЕ, од Вреди конкретно не одговорија – но уверуваат дека сите во владата биле против корупцијата.

ДУИ пак бара поддршка од сите партии за да биде едногласно усвоен Законот за меѓународно мониториран ветинг за сите политичари во последните 30 години.

Поради сите поттфрлања и недоверба, крајно време е да се воспостави меѓународно мониториран Ветинг за сите политичари, судии, обвинители, олигарси, но и за приватизацијата и транзицијата во сите 32 години од независноста.  Ги повикуваме политичките партии да се надминат себеси, да престанат со лов на вештерки и замајување на јавноста за политичко дефокусирање, и заедно да го усвоиме законот за меѓународно мониториран ветинг за сите наводи од независноста до денес.

Опозициската СДСМ допрва ќе градат став за најавата за меѓународен ветинг. Го повикаа премиерот да достави докази за информациите дека се спрема дестабилизација на државата.

Од СДСМ и Вреди не веруваат во најавите за дестабилизација , но владејачката ВМРО ДПМНЕ алармира и бара одговор од социјалдемократите дали ќе се оградат од планот на Ахмети, за да покажат дека не се негови соучесници.. 

Според најавите од Мала Речица законот за меѓународен ветинг ќе биде доставен до Парламентот по летните одмори.