Осомничен за разбојништво во Куманово не почитувал мерки на претпазливост, побаран притвор
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице осомничено за разбојништво кое не ги почитувало мерките на претпазливост, информираше денеска ЈОРСМ.
Основното јавно обвинителство Куманово води постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
По предлог на јавниот обвинител, Основниот суд во Куманово со решение од 30 јули определи мерки на претпазливост против осомничениот 31-годишник.
Мерките вклучуваат привремено одземање на патна и на друга исправа за преминување на државната граница и забрана за употреба на личната карта за преминување на границата, како и обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен орган.
Меѓутоа, СВР Куманово достави известување до обвинителството дека осомничениот на 08 август годинава во вечерните часови сакал да оствари излез од државата со лична карта, односно се обидел да ја премине државната граница на граничниот премин Долно Блаце и покрај изречената мерка на претпазливост.
Бидејќи осомничениот очигледно не се придржувал кон определната мерка за обезбедување присуство, што укажува на реална опасност тој да се даде во бегство, надлежниот јавен обвинител му предложи на судот да се укинат дадените мерки на претпазливост за осомничениот и да се заменат со мерка притвор, наведуваат од обвинителството.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз