Пронајдени телата на сите загинати во авионската несреќа во Бразил
Властите во Бразил потврдија дека се пронајдени сите тела на загинатите во авионската несреќа во бразилската држава Сао Паоло и дека идентификацијата на жртвите од несреќата на двомоторниот авион на компанијата Воепас што се урна во областа на градот Вињедо е во тек.
Како што јави Би-Би-Си, во саботата бројот на жртви е ревидиран на 62, бидејќи по првите најави е потврдено дека на кобниот лет имало уште еден патник кој не е евидентиран.
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва прогласи тридневна жалост поради авионската несреќа кај Сао Паоло во која загинаа сите патници и членови на екипажот.
„Од моментот на објавување на оваа уредба, официјално прогласувам тридневна жалост низ целата земја за жртвите во авионската несреќа“, се вели во соопштението на Лула да Силва објавено на мрежата Х.
Ново на Сител
-
Папа Франциск: Злоупотребата на децата е ужасно злосторство, неопходно е да се покаже солидарност со малтретираните
-
Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
-
Во Косово затворени сите институции поврзани со Србија
-
Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот
-
Началникот на Армијата на конференција на Воениот комитет на Нато
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се дистанцира од Груби
-
СДСМ: Кошничките на Мицкоски – целосно промашување
-
Новогодишната кошничка даде резултат