10 активни пожари во Mакедонија: Tешки борби со пожарот над Пехчево
Три ер трактори на ДЗС утрово им се приклучија на полициски хеликоптери, и од воздух го напаѓаат пожарот кај Пехчево. Трет ден ситуацијата е сериозна, гори мешана шума. Двесте лица на терен спречуваат стихиите да се прошират, на поголема површина. Мобилизирано е целото население на Пехчево.
Освен кај Пехчево, службите имаат главоболки и од пожарите кај Македонски Брод кои се протегаат кај ловиштето Јасен и село Белица. Овде гори борова шума.
Три пожари, втор ден по ред има и во кичевските краишта. Кај Ресен, пожарот на Галичица се шири во правец кон Стење. Денеска е критично и кај Крива Паланка и во кај село Трубарево, во скопска Гази Баба, каде гори сува трева. Проблем е и пожарот кај Новаци, властите една недела не може да го локализираат.
Вчера избувнале вкупно 37 пожари на отворено, а 21 од нив се изгаснати. Под контрола денес се држат шест пожари низ Македонија, но многу лесно може да преминат во активни, земајќи го во предвид фактот дека нашата држава е во портокалова фаза.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар