Етничка застапеност во админситрацијата ќе ја контролира собраниска комисија
Собранискиот балансер што вчера беше исгласан од мнозинството, но по предлог на ДУИ предизвика реакција кај македонската опозција. Новата собрниаска Комисија доаѓа по најавите на власта дека ќе ја укине алатката која се користеше при вработување во јавната администрација. Министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ - Минчев веќе и направи корекција на балнсерот со тоа што во него влегоа процентите од само резидентното население, а не и дијапсората.
„Сега имаме надграден и проширен балансер за чија примена ќе биде надлежно Собранието. Насабајле Мицкоски вели дека ДУИ ќе ја дестабилизира државата а попладне во Собрание неговите пратеници гласаат заеднички одлуки со ДУИ. Да не станаа сочучесници во планот за дестабилизација? Ќе излезе ли Митева сега да ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ? Што друго е договорено меѓу ДПМНЕ и ДУИ?“, коментираат од СДСМ.
Слично и од Левица.
„Напротив, праксата за вработување по етнички клуч сега ќе биде институиционално унапредена преку набљудување на нејзиното спроведување од страна на собраниска комисија на ДУИ, а партиската војска на ВРЕДИ и на ДУИ ќе продолжи непречено да се вдомува во државните институции! Воедно, со непринципиелното пазарање и соработка на новата власт со криминалните структури на ДУИ, станува сé помалку веројатно дека ДУИ ќе се соочи со било каква одговорност за нивните злодела и криминани“, велат од партијата на Апасиев.
Од ВМРО-ДПМНЕ, неофцијално објаснуваат дека се работи за политички договор со ДУИ, како компензација за нивната поддршка за 2/3 мнозинство за Законот со кој се формираа нови министерства. Дополнително, велат дека не се откажуваат од тоа да биде укинат балансерот, како услов за вработување во јавна администрација. Официјално тврдат дека, гласањето во Собрнаието нема да ги аменстира функционерите на ДУИ за кои постои сомнеж за криминал додека биле на власт.
Според одлуката за формирање на Комисијата ТЕЛОП „За следење на соодветната и правична застапеност на припадниците на заедниците во институциите и јавната администрација Комисијата ќе соработува со Владата“. Комисијата ќе може да дава препораки, заклучоци и мислења до институциите за примената на етничката застапеност кај нив. За работата ќе доставува извештај два пати годишно. Ќе брои 12 члена, мнозинство ќе има власта, претседатечлот ќе биде од редовите на ДУИ и неофицјално за таму се споменува Талата Џафери.
Персоналниот состав Собрниаето ќе го утврди по 2 септември, имајќи пред вид дека од утре па се до тогаш народните избраници ќе бидат на неформален одмор.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар