Македонија
15. August 2024 - 12:25

Пожарот на Галичица се уште активен

Пожарникари, припадници на планинската спасителна група, ренџери од НП Галичица, членови на алпинистичкиот клуб „Патагонија“ од Охрид,и  доброволци, веќе 11 дена се ангажирани во гаснењето на пожарот на Галичица. Од синоќа стравотни фотографии се шират на социјалните мрежи,а се споделува и апел до сите граѓани да помогнат во гаснењето на пожарот.

„Сите физички спремни доброволци да се пријават кај планинарската куќа Спиридон  со свој алат – мотика или гребло! Најважно е да бидете физички спремни со основна планинарска опрема, вклучувајќи чевли и друго. Досега само по 3-4 доброволци на ден се пријавувале, затоа да се собереме во поголем број за да ја спасиме Галичица“– стои во апелот.

Кампери од Љубаништа сведочат дека во текот на денот во Охридското Езеро имало саѓи и пепел па дел од нив вознемирени го напуштиле кампот .

Големината на огнениот фронт, тешко пристапниот терен, неповолните временски услови како и големиот број на детонации од неексплодирани гранати вкупно 100тина , не дозволиле  локализација на пожарот во високата зона и полека истиот навлегол во буковите шуми на исток, запад и север“.Моментално се делува со рачно обезбедување на заштитни појаси во шумските предели со цел заштита на што е можно поголем шумски фонд .

Од НП Галичица апелираат да не се шири паника бидејќи нема опасност по населените места .

Колкави се штетите и колкава површина од шумската вегетација во НП Галичица пеплосаа пожарите кои беснеат деновиве дополнително ќе се утврдува.