Случени договорите за закуп на државно земјоделско земјиште
Склучени договорите со 84 светиниколските земјоделци за закуп на 250 ха државно земјоделско земјиште. Според ресорниот министер Трипуновски кој им ги врачи договорите, на овој начин се исправа една неправда од минатите години, кога имаше селективност при распределбата.
-Жалам пто во минатото имало одредени злоупотреби кои ние како Министерство ги констатиравме во изминатиот период, меѓутоа нашата интенција е целото земјоделско земјиште заврши кај вистинските земјоделци. Практично, со овој процес кој го завршуваме сега, даваме силен фокус и сигнал односно, приоритет целото земјипте да биде ставено во функција на земјоделците, изјави Цветан Трипуновски, министер за земјоделие.
На почетокот од месец септември ќе биде распишан уште еден јавен оглас за преостанатото слободно земјиште. Во однос на обвинувањата на поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски дека со ребалансот на буџетот се скратени парите за авансните плаќања и се земаат средства од интервентниот фонд, Трипиновски истакна дека бројките во целост го демантираат ова тврдење.
-Ние со ребалансот обезбедуваме дополнителни средства за испалата на заостанати субвенции, оние субвенции кои тие како тогашна власт требаше да ги исплатат кон земјоделците. Во делот на интервентниот фонд, во делот на буџетот на Платежната агенција практично има зголемување. Тоа е реалноста и тие бројки се лесно проверливи и видливи во јавноста, додаде Трипуновски
На ниво на Македонија склучени се 967 договори за закуп на земјоделско земјиште со вкупна површина од 2700 ха.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар