Започна пријавувањето за добивање на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година
Денеска почна пријавувањето за субвенциониран студенски оброк за новата академска година. Сите студенти на државните и приватните универзитети кои ги исполнуваат условите, од октомври, секоја недела на сметките ќе им стигнуваат по 840 денари. За еден студент да добива по 140 денари дневно треба да е редовен студент и да не е во редовен работен однос.
Иако идните академски граѓани бараат сумата на субвенционираниот оброк да се зголеми, министерката за образование и наука е децидна дека до Нова Година тоа нема да се случи, оти МОН нема предвидено пари во буџетот за оваа намена.
Весна Јаневска, министерка за образование и наука, Немаме пари, по нова година може да се размислува за зголемување
Многу студенти и работат, и студираат. Но, на оние кои се во редовен работен однос не им следуваат пари. УСС ќе бара дополнителни измени на мерката субвенциониран студентски оброк за и оние кои земаат плата под минималната, да добиваат средства, како и своите колеги. За да се реализира ова барање на УСС неопходни се законски измени, а кај министерката не постои расположение за негова реализација.
МОН не контролира каде и како студентите ги трошат овие пари. Па така, студентите сами може да си одберат дали ќе си купат шампон, цигари, алкохол или пак здрав оброк.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар