Колку се продава кубик опожарено дрво?
Намерно предизвикување пожари за финансиски бенефит. Се погласни се сомнежите на граѓаните дека потпалувачите имаат ќар од уништувањето на шумите. Цената на опожарено дрво е од 10 до 15 отсо пониска од регуларната.
Речиси две третини од населението се грее на дрва. Ако во моментов кубик од Национални шуми чини 3.800 денари плус ДДВ, или 4.500 денари, за опожарено цената е нешто над 3,800 со 18% данок. За една грејна сезона во просек се трошат по 8 кубика, што значи граѓаните ќе треба да платат 36,000 денари. Но ако купат опожарени, ќе ги чини 100 евра помалку. Сепак, не секое опожарено дрво треба да се исече и може да се продаде.
– Прво земјоделски инспекторат на терен утврдува дали опожарените дрва треба да се сечат. Потоа посебна Комисија од Шумарски факултет носи одлука и на крај Комисија од Национални шуми. Но постапката трае 8 до 10 или 12 месеци, што значи оваа година опожарени дрва не можат да се продадат. Плус тоа граѓаните не можат да се затоплуваат само со опожарени дрва. Најчесто овие ги користат производителите на пелети, изјави Валентин Груевски, поранешен директор на Македонски шуми
Поради честите пожари Владата размислува да донесе законски измени со кои ќе се забрани сечењето дрва зафатени од шумски пожар, како и нивна продажба. Ваков закон донесе Шпанија уште пред 15 години, по што бројката на пожари се намали за 80 отсто. Но Груевски повикува на внимателност, уништените, изгорени дрва можат да зафатат цела шума.
- Ако не ги исечете опожарените дрва, на пример во Галичица, за 6 месеци или година може да ги нападне некој инсект или од болест да ја изгубите цела шума, додава Груевски.
Инаку според проценките, еден хектар редовно пошумување со 2,000 садници чини околу 5 ,000 евра. Цената е двојно повисока ако станува збор за пошумување опожарени садници, затоа што прво теренот треба да се исчисти и подготви.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар