Притвор за убиецот на скопјанецот кој беше застрелан кај Мавровка
![]()
Основиот кривичен суд Скопје попладнево соопшти дека на осомничениот за вчерашното убиство на паркингот кај ТЦ Мавровска му е изречен триеседневен притвор.
- Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, за определување мерка притвор против Е.К. од Скопје, осомничен за две кривични дела Убиство и Убиство во обид, како и едно кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со огнено оружје, а поврзано со вчерашното убиство на паркингот кај ТЦ Мавровка,
по сослушување на осомничениот во присуство на неговиот бранител, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.
Согласно решението, притворот се определува заради постоење на основите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание брз сведоци и Повторување на делотот. Против ова решение, странките имаат право на жалба пред кривичниот совет на овој суд.
Министерството за внатрешни работи денеска информира дека СВР Скопје целосно ги расчисти кривичните дела „убиство" и „убиство во обид“, кои беа извршени вчера на паркинг просторот позади трговскиот центар „Мавровка“, каде што со употреба на огнено оружје беше убиен В.Е.(58) од Скопје и на улица „Стојна Стефкова“, каде со пиштол беше пукано кон полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
Од МВР посочија дека по преземени мерки и брза реакција на СВР Скопје, специјалните полициски сили, хеликоптери и дронови бил фатен и лишен од слобода сторителот на кривичните дела Е.К.(39) од Скопје.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Ги изгубивме изборите
-

Затворени гласачките места во Србија, излезноста до 19 часот над 67 отсто
-

Масовна излезност на изборите во Србија - до 17 часот над 60 проценти
-

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами
-

Рама најави казни до 5.500 евра за демонстрантите што нема да се повлечат по полициско предупредување
-

Камелија Недев освои сребро на Светското првенство во традиционално карате
-

Приведени девет возачи, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол
-

16-гoдишник од невнимание зaстрелал малолетник вo Боговиње, сам сe пријавил во полиција
