Бизнис
26. August 2024 - 16:33

За одржливост на ПИОМ од здружението бараат дегресивно зголемување на пензиите

Сметките на над 340 илјади пензионери од следниот месец ќе бидат зголемени за 2.500 денари. Следното покачување ќе биде од март, кога ќе добијат дополнителни 2,500 денари. Веќе се работи на законските измени  за да се смени начинот на пресметка  на пензиите,  а се разгледува опцијата  линерано зголемување  да остане и  во септември  догодина, најави прмиерот Мицкоски

- Со ребалансот се предвидени овие средства за оваа година, но исто така со буџетот ќе ги предвидиме и за следната година. Па ќе видиме, во зависност од тоа во каква кондиција ќе биде буџетот ќе видиме какви одлуки ќе носиме за следното усогласување во септември дали ќе имаме повторно процентуално зголемување, или ќе имаме повторно линеарно зголемување, она што го бараа пензионерите“, истакна премиерот Мицкоски.

Добро е што со  линераното покачување ќе се подобри стандардот на пензионерите, а посебно на оние со најниски примања, , велат до Здружението на пензионери. Сепак – дали да остане линераното зголемување, каде сите пензионери ќе земаат исто покачување или да се врати стариот начин – процентуалното, согласно порастот на просечната плата и трошоците на живот – велат дека мора да се направат серизони анализи, во зависност од  кондицијата на пензискиот фонд

- Треба да се зголемат пензиите, пособно оние најниските, имајќи в предвид дека голем дел од пензиоенрите спаѓаат во групата со најнсикси примања. Затоа Здружението на пензионери даде предлог за унапредување на формулата за усогласување на пензиите а тоа е дегресивно зголемување на пензиите, каде се предводува најниските  пензии да се зголемат за одреден процент, а тао да се прави само во одреден времеснки период кога има рапиден раст на трошоците за живот, изјави  Станка  Трајкова, престедател на Сојуз на Здружение на пензионери.

Инаку од 340 илајди пензионери, секој трет живее со пензија од  13 до 17 илјади денари,  а  60% месецот го туркаат со најмногу 22.500 денари. Само мал дел, скоро 12%  живеат со пензија колку просечната плата, односно  од 36.600 до над 57 илјади денари месечно.